Инзаги: Моравме да бидеме поконкретни против Венеција

Интер ја забележа седмата победа во Серија А, четвртата во последните пет натпревари и му се доближи само на бод на Наполи кој е на врвот на табелата.

А, и покрај минималната победа над Венеција незадоволство покажа тренерот Симоне Инзаги за играта во вторите 45. минути.

„Требаше да бидеме поконкретни. Но, морам и да бидам задоволен од тоа што покажаа момците во првото полувреме и им честитам за тоа. Првото полувреме беше одлично, но пропуштивме да постигнеме гол преку шансите на Мктаријан и Турам. Мислам дека натпреварот ќе биде далеку поповолен доколку искористивме некоја од нив.

По првото полувреме Венеција направи само неколку промени, а ние се загубивме во формата и почнавме да пропуштаме шанси. Требаше да бидеме поконкретни. Не смеете да си дозволите натпреварот да остане отворен против одлична екипа како Венеција“, изјави италијанскиот тренер.

Се вчитува...