Италијанската фудбалска легенда Филипо Инзаги, кој е актуелен тренер на Венеција, упати пофални зборови за македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој го носи дресот на Палермо, заедно со Александар Трајковски.
„Палермо е квалитетен состав. Го имаат Несторовски во нападот, а тој е играч кој би можел да игра во речиси сите клубови од Серија А. Тој минатата сезона се докажа и во елитата. Можам да ги издвојам уште и Коронадо, Трајковски, Ембало. Во средниот ред ги имаат Јајало, Чочев, Гнахоре, во одбраната Рисполи, Алесами, како и голманите. Палермо е секако фаворит“, изјави Филипо Инзаги.
Дуелот меѓу Палермо и Венеција се игра утре, со почеток во 18 часот, во рамките на 17.коло од Серија Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА