Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше вчерашниот дуел со Фиорентина, во кој неговиот тим освои само бод, и полека го губи чекорот со врвот на табелата кон одбрана на „Скудетото“. Интер имаше негатива, а Дамфрис успеа да израмни. Во финишот „виолетовите“ имаа шанса дури и да си заминат со три бода, но Хандановиќ спасуваше.
Интер сега има триумф само на еден од последните седум натпревари во Серија „А“, што е премалку за еден тим кој се бори за титулата, но и натаму е во игра.
Инзаги знае што е проблемот за својот тим.
„Првото полувреме одигравме слабо, моравме подобро. Се подобривме во вториот дел, имавме многу шанси и требаше да постигнеме уште еден гол. Седум поени во седум натпревари, очигледно е дека имаме психолошки проблем. Имавме одлични месеци, а потоа и пад на формата. Момците мора да останат мирни и да продолжат да работат. Не ги реализираме шансите како порано“, рече Инзаги.
Прашан дали отсуствата влијаат на резултатите, Инзаги одговори:
„Прелесно е да се каже дека слабите резултати се поради отсуства. Факт е дека бевме подобар противник во вториот дел. Ќе бев загрижен ако намевма шанси. Можеби последните резултати го прават тимот малку фрустриран, но јас верувам дека брзо ќе се вратиме во форма“, изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА