Инзаги: Ние сме Интер, не се плашиме од никого

Интер влезе во нова победничка низа во Серија А славејќи убедливо над Лече со 4-0 во 22. коло. Овој триумф ги остави „нероаѕурите“ на три бода заостаток од Наполи кој е на лидерската позиција, но со натпревар помалку во однос на тимот од југот на Италија.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги не го криеше задоволството од триумфот и новата сочувана мрежа па говореше и за шампионските амбиции.

„Последен пат примивме гол како гости во Серија А во септември во Удине. Тоа е резултат на многу работа. Среќен сум што и во Лацио, и сега во Интер, имам можност да работам со играчи кои ги следат моите идеи. Наполи и Аталанта имаат фантастична сезона, како и ние. Не се плашиме од овие два тима, но ги почитуваме бидејќи имаат добри тренери и играат квалитетен фудбал. Уште во јули кажав дека борбата за титулата ќе трае до самиот крај, и токму тоа се случува. Ги респектираме Наполи и Аталанта, но ние сме шампиони, така што воопшто не стравуваме од конкуренцијата“, додаде Инзаги.

Се вчитува...