Интер и Барселона утревечер од 21 часот ќе си ги одмерат силите во ревнаш натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампионите. По првиот натпревар резултатот гласи 3-3 со што сите карти се отворени за одличен натпревар.
Тоа го очекува и тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги кој верува дека неговиот тим ќе покажа карактер како и на првиот натпревар и ќе одигра со сите сили против силниот противник.
„Очекувам силен Интер. Свесни сме за важноста на овој натпревар. Ќе биде потребен одличен настап против многу силен тим, чија класа веќе ја искусивме од прва рака. Ќе ни треба Интер кој е фокусиран и јасен во своите акции“, вели Инзаги кој потоа говореше и за најголемата опасност на Барселона – Ламин Јамал.
„Мора да се обидеме да не му дозволиме на Ламин Јамал да ја добие топката, но тоа е невозможно. Очигледно, ќе биде удвојуван на теренот и се ќе биде внимателно следено, ќе се обидеме да му посветиме посебно внимание. Во живо, тој е исклучителен талент, тој е исклучително опасен – сите му ја додаваат топката. Ме импресионираше со својата брзина на размислување, секогаш знае што да прави“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

