Инзаги официјално промовиран на клупата на Ал-Хилал

Италијанскиот тренер Симоне Инзаги е новиот тренер на саудискиот Ал-Хилал, и официјално промовиран како нов предводник на тимот, и тоа само неколку дена по тешкиот пораз со Интер од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите.

Инзаги доби двегодишен договор од Ал-Хилал, според кој ќе заработува 13 милиони евра по сезона.

Беше на клупата на „нераѕурите“ четири сезони, предводејќи го тимот до финалето од Лигата на шампионите двапати, и двата пати доживувајќи порази (Сити и ПСЖ), но му донесе на клубот трофеј во Серија А и два трофеи од Купот и Суперкупот на Италија.

Негов наследник на клупата на тимот од Милано најверојатно ќе биде Сеск Фабрегас.

Се вчитува...