Инзаги: Овој Интер не е навикнат да губи … го имавме четвртфиналето во џеб

Во таборот на Интер владее големо разочарување откако ланскиот финалист во Лигата на Шампионите оваа сезона беше елиминиран уште во осминафиналето, и тоа по пенал-рулет со Атлетико Мадрид.

„Нероаѕурите“ не успеаја да ја одбранат предноста од еден гол што ја имаа од првиот меч во Милано, примија гол во 87. минута од Мемфис Депај, а потоа промашија три удари од белата точка (Алексис Санчез, Класен и Лаутаро Мартинез).

„Ова боли, атмосферата во соблекувалната беше разочарувачка. Она што боли е што го имавме четвртфиналето во џеб, бевме подобар ривал низ двете средби. Требаше да победиме поубедливо дома, а и во Мадрид имавме премногу шанси, од кои реализиравме само една. По голот на Димарко требаше да останеме фокусирани, но експресно примивме гол и дозволивме да ни се вратат. Потоа пак имавме убави шанси, за казната да стигне пред самиот крај на мечот. Немавме пораз на последните осум средби, моравме подобро да изреагираме во одредени моменти, но што е тука е. Им кажав на момците дека без оглед на разочарувањето, мора да бидат горди на себе и на начинот на кој ја играа оваа сезона во Лигата на Шампионите. Овој тим не е навикнат да губи, затоа и фрустрациите меѓу сите нас се огромни“, изјави Симоне Инзаги.

Се вчитува...