Интер вчера го совлада тимот на Барселона со 1-0 во Лигата на шампионите. Меч во кој на тренерот Симоне Инзаги му се „тресеше“ клупата, но на крајот се чини си купи малку време.
Инзаги после натпреварот кажа дека оваа победа мора да биде пресвртница во сезоната.
„Не би рекоа дека оваа победа е неочекувана. Реков во најавата дека овој меч е одлична прилика да се вратиме на вистинскиот пат против еден од најдобрите екипи во светот. Игравме агресивно, одлучно, затоа што тоа е единствениот начин да победиме ваков противник. Долго чекавме вакво нешто, среќен сум поради навивачите и клубот, но и натаму ништо не сме постигнале. Ова мора да биде пресвртница, оваа прекрасна ноќ да биде почеток на нешто позитивно“, рече Инзаги.
Тој кажа дека бил многу разочаран после поразот од Рома, но дека сега момците вратиле со голема победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА