Тренерот на Интер, Симоне Инзаги истакна дека неговиот тим мора да одржува добро расположение и покрај киксот на дуелот со Болоња. „Нероаѕурите“ можеа да го заземат врвот на табелата, но со голот на Сансоне во 81. минута загубија од Болоња со 2-1 и сега заостануваат два бода зад градскиот ривал Милан.
Инзаги истакна дека е разочаран по ваквиот исход, но потенцираше дека грешки и лоши моменти на секого можат да му се случат.
„Разочаран сум, што е нормално со оглед на начинот на кој загубивме. Раду згреши, тоа можеше да му се случи на секој друг, и јас грешам! Мораме брзо да реагираме. Ова е пораз кој пече, но за три дена не очекува нов натпревар. Останува да размислуваме само за следниот натпревар, иако знаеме дека нашата судбина повеќе не е во наши раце, сепак мораме да останеме позитивни“, изјави Симоне.
Интер во недела гостува во Удинезе, а до крајот на првенството ќе се сретне со Емполи, Каљари и Сампдорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА