Интер направи голем кикс во 4. коло од Серија А откако ремизираше на гостински терен кај Монца со 1-1 во натпревар во кој „нероаѕурите“ важеа за апсолутен фаворит.
Тоа наиде на разочарување кај тренерот Симоне Инзаги кој на пресконференцијата за медиуми изјави дека неговиот тим бил безидеен и неубедлив.
„Видовме еден безидеен и неубедлив Интер, кој се спаси на крајот против Монца и влегува во тешка недела со причини за размислување. Првите 20 минути беа многу добри, создадовме многу шанси и тогаш требаше да ја искористиме шансата. Потоа бевме бавни во движењето на топката, немавме доволно класа во завршниот удар и можеби требаше да продолжиме да шутираме, наместо да бараме асистенција. Монца се бранеше многу длабоко, а кога се отворивме и напаѓавме со дополнителен напаѓач, примивме одличен гол од Дани Мота. За среќа, успеавме да израмниме и дури имавме можност и да победиме. Разочарани сме, но продолжуваме напред“, изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА