Симоне Инзаги постигна договор со претседателот на Лацио, Калудијо Лотито, за прекинување на тренерската соработка. Така тој ќе може да го преземе милански Интер од четврток. Актуелниот шампион на Италија, Интер, брзо најде решение за нов тренер.
По договореното раскинување на соработката со Антонио Конте. Симоне Инзаги пристигнува во Милано, па „Ла Република“ пишува дека двата клуба конечно успеале да се договорат за финансискиот дел од овој трансфер.
Инзаги имаше проблеми со управата на Лацио за прекинување на соработката, па едвај успеа да се ослободи од потпишаниот договор. Сега сите компликации се решени, „Ла Република“ наведува дека Симоне ќе дојде во Милано во четврток кога и ќе биде официјално претставен.
Симеоне, наводно, ќе заработува четири милиони евра по сезона, а договорот ќе биде потпишан на две години. Тој го напушта Лацио по пет години соработка, а за тоа време двапати ги освојуваше Купот на Италија и Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА