Интер синоќа се спаси од пораз кај Торино буквално во судиското продолжение, но ја загуби пол позицијата во трката за титулата, па сега им останува да чекаат кикс на Милан.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги потенцираше дека „нероаѕурите“ веќе не одлучуваат сами за титулата, таквата позиција и дефинитивно зависи од Милан.
„Торино беа поагресивни во првото полувреме, но Бериша исто така имаше две одлични интервенции. Заслуживме порано да израмниме и ако го направевме тоа тогаш можеби ќе запишевме победа. Знаеме дека за повторно да го освоиме Скудетото треба да се свестиме и да се подобриме. Загубивме многу енергија и фудбалери во клучните моменти во сезоната, но тоа не смее да биде алиби. Секако дека можеме подобро, но овој момент треба да бидеме искрени и да кжеме дека многу работи ќе зависат и од Милан“, изјави Инзаги.
Симоне истакна дека пред Интер се наоѓаат десет финалиња, плус меч од Купот на Италија, натпревари за кои мора да биде вратена енергијата и ефикасноста кај фудбалерите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА