Тренерот на Интер, Симоне Инзаги не го криеше задоволството од фактот што неговиот тим е лидер во провизорниот поредок во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ го совладаа РБ Лајпциг со 1:0 и го презедоа првото место.
Сепак, тренерот предупреди дека не треба да има еуфорија бидејќи има уште важна работа.
„Секако дека сме среќни бидејќи знаевме колку е важен овој натпревар. Точно е дека Лајпциг нема освоено бод, но до неодамна беше на второто место во Бундеслигата. Моравме да одржуваме рамнотежа што не беше лесно против толку агресивен тим кој притискаше високо, единствениот проблем беше што не постигнавме втор гол, но нашиот голман Зомер имаше само уште една тешка одбрана. Не му дадовме многу шанса на противникот“, изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

