Симоне Инзаги утревечер ќе го предводи Интер во ново европско финале, во обид да стигне до првата победа откако пред две години минимално беше поразен од Манчестер Сити.
Италијанскиот стратег во меѓувреме доби на маса пребогата понуда од Саудиска Арабија со која би станал најплатен тренер во светскиот фудбал, дел од медиумите најавија и дека тој веднаш по финалето ќе се пресели на клупата на Ал Хилал, но Инзаги на денешната прес-конференција јасно стави до знаење дека неговите планови за иднината се поврзани со „нероаѕурите“.
„Јас сум пресреќен во Интер, овде имам буквално се што ме прави среќен. Задоволен сум и фокусиран само на ова финале, добро се подготвувавме и знаеме што не очекува. Фактот дека игравме овде со Баерн и успеавме да дојдеме до позитивен резултат ни дава уште поголема сила. Можеме ли да победиме овојпат? Сигурно дека можеме, како клуб се движиме во вистинска насока… За мене е гордост што можам да работам во клуб како Интер, чии челници ми дадоа се што посакав од првиот момент кога дојдов“, истакна Инзаги.
Управата на „нероаѕурите“ најави дека му доставила понуда на тренерот за нов договор, а се очекува во деновите по големото финале истиот да биде потпишан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

