Инзаги: Заслуживме бод, но наидовме на одличен голман

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги после поразот на неговиот тим од Милан, истакна дека неговиот тим заслужил да дојде до бод со играта во последните 20 минути, но дека голманот на противникот е „виновен“ што остана 3-2.

Инзаги рече дека имало разочарување во соблекувалната, но дека деновиве ќе разговара со играчите за тоа како може да се поправат.

„Постигнавме убав гол, и при 1-1 ја контролиравме играта. Примивме евтин гол кој не смеевме да го дозволиме, а потоа при 3-1 имавме добар финиш каде што заслуживме бод. Но, наидовме на одличен голман на другата страна“, рече Инсаги. 

Инзаги рече дека му е жал за примените три гола, кои според него биле премногу евтини со многу грешки.

„Жал ми е што примивме три гола, три гола кои беа многу лесни. Првиот практично кога ја имавме топката во посед, вториот и третиот со погрешни „читања“. Премногу се мачевме да дојдеме до нашите два гола. Секако дека има разочарување во соблекувалната, и кај навивачите. Но, веднаш имаме нов натпревар. Она што ми е најважно е што ќе разговарам со тимот. Тие 25 минути не беа добри, но она што направивме во последните 30 минути, мислам дека заслуживме бод“, изјави тренерот на Интер. 

Се вчитува...