Велика Британија е посветена на продолжување на спроведувањето на санкциите и забраните наметнати на руските и белоруските спортисти, вклучително и настапот на Олимписките игри во Париз, изјави министерката за култура, медиуми и спорт Луси Фрејзер.
Меѓународниот олимписки комитет одлучи да им дозволи на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат во квалификациските натпревари за Игрите во 2024 година, под неутрално знаме, но повеќе од десетина земји се противат на таа одлука.
Фрејзер претседаваше со состанокот на кој присуствуваа министрите за спорт на околу 30 земји кои се против учеството на руските и белоруските натпреварувачи, по што таа изјави дека верува оти „ИОК нема кредибилитет“ да донесе таква одлука и ги повика челниците на ИОК да ја преиспитаат својата позиција.
„Се согласуваме дека претседателот на Русија, Владимир Путин, не може да користи спортисти за да ја оправда акцијата во Украина, која продолжуваме да ја поддржуваме на сите фронтови. Денес сакаме да ја изразиме нашата сериозна загриженост за ставот и плановите на МОК да им дозволи на руските и белоруските натпреварувачи да учествуваат на Игрите. Сите планови од тој вид немаат кредибилитет“, изјави Фрејзер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА