Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одобри три кандидатури за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година.
Извршниот комитет на ИОК се одлучи да даде зелено светло за кандидатурите на Калгари (Канада), Стокхолм (Шведска) и италијанските Кортина Д’Ампецо и Милано кои ќе ја продолжат битката за домаќинство. ИОК го отфрли барањето на турскиот град Ерзурум.
Претходно беа поднесени седум кандидатури за Игрите во 2026 година, но Сион (Швајцарија), Сапоро (Јапонија) и Грац (Австрија) се откажаа во последниве месеци поради премногу големите трошоци и отпор од страна на локалните жители.
Домаќинот на ЗОИ 2026 ќе биде одреден во септември следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА