Трансродовите спортисти повеќе нема да можат да се натпреваруваат на Олимписките игри.
Меѓународниот олимписки комитет усвои нови правила за подобност, кои се усогласуваат со извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за женските спортови, пред Игрите во Лос Анџелес во 2028 година.
„Правото за натпреварување во која било женска категорија на Олимписките игри или други натпревари под покровителство на ИОК, вклучувајќи ги индивидуалните и тимските спортови, сега е ограничено на биолошки жени“, соопшти Меѓународниот олимписки комитет.
Правото за настап во женската конкуренција ќе се утврди врз основа на тестирање на генот SRY.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

