Ипсвич ја сопре победничката серија на Астон Вила (ВИДЕО)

Ипсвич и Астон Вила доиграа нерешено 2-2 во првито меч од денешните натпревари во Премиерлигата. Водеше и едната и другата екипа, на крајот за да поделат по еден бод.

Делап во 8. минута донесе предност на домашните. Роџерс во 15. минута донесе израмнување, а потоа Воткинс во 32. минута успеа да однесе и предност за Астон Вила.

Во вториот дел Делап во 72. минута со својот втор гол донесе бод за својот тим, и четврто реми во сезоната, додека Астон Вила првпат сезонава одигра нерешено. Вила пред овој меч беше во серија од три победи по ред.

Се вчитува...