Иран без својата прва ѕвезда на Мундијалот во САД?

Иран се квалификуваше за претстојното Светско првенство, но постојат стравувања дека таму ќе биде без Мехди Тареми.  Проблемите за 33-годишниот голгетер произлегуваат од извршната наредба на САД со која се ограничува влезот на граѓани од неколку земји, вклучувајќи го и Иран.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека Тареми служел воена служба во морнарицата на Револуционерната гарда (IRGC), што може да биде причина за одбивање на американска виза, со што се спречува неговото пристигнување на територијата на САД, еден од домаќините на Светското првенство.

Претседателот на федерацијата, Мехди Таџ, рече дека прават сè за да спречат таков случај, бидејќи искусниот напаѓач е важна алка за Иранците. Иран е во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Се вчитува...