Иран во последните моменти од дуелот со Мароко стигна до воведната победа (1-0) во групата Б на Светското првенство во Русија. Несреќен за селекцијата на Мароко беше Азиз Бухадуз, кој во петтата минута од судиското продолжение ја затресе сопствената мрежа по една лоша реакција во шеснаесетникот.
Мароканците имаа поголема иницијатива во воведниот дел од мечот, но Иран ја имаше најубавата шанса преку Азмун. Сепак, тој не успеа да реализира и мрежите останаа да мируваат во првиот дел. Хаким Зијеч во 84.минута можеше да му донесе триумф на Мароко, но исто така не беше доволно концентиран во завршницата од акцијата. На крајот, сепак, славеше Иран, и тоа со автогол, во последните мигови од мечот.
Morocco scored a 95th minute winning goal…for the other team ? (via @FOXSports) pic.twitter.com/dfkE4c0Vxo
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 15, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА