Иран ги суспендираше двајцата најдобри фудбалери

Капитенот на иранската репрезентација Масуд Шоаје, и еден од најдобрите поединци во тимот, Ехсан Хаџи Сафи, неславно ги завршија репрезентативните кариери. Фудбалерите добија доживотна забрана за настап за репрезентацијата од страна на иранската фудбалска федерација.

Федерацијата не им дозволува на своите фудбалери да играат против израелски тимови, а Шоаје и Сафи одиграа натпревар против Макаби Тел Авив во рамки од квалификациите за Лига Европа, бранејќи ги боите на грчкиот клуб Паниониос.

Во случајот се вклучи и владата на Иран, која на крајот на поддржа одлуката.

Се вчитува...