Иран и Русија на 23. март ќе одиграат дуел во Техеран

Додека репрезентациите ширум Европа се подготвуваат за стартот на квалификациите за ЕВРО 2024 година, фудбалската репрезентација на Русија договори два пријателски натпревари.

Селекцијата на „зборнаја“ првиот натпревар против Иран ќе го одигра во четврток на 23. март на стадионот „Азади“ во Техеран. Три дена подоцна, најдобрите руски фудбалери ќе ја пречекаат репрезентацијата на Ирак во Санкт Петербург.

Лани Русија одигра два пријателски натпревари против Таџикистан и Узбекистан, кои завршија нерешено 0-0. Руските репрезентации се суспендирани од сите турнири на УЕФА и ФИФА, како и руските клубови од почетокот на конфликтот во Украина.

На почетокот на годината дури се појави вест дека Фудбалската федерација на Русија ја разгледува можноста да се повлече од УЕФА и да се пресели во Азија, но руските фудбалски челници се уште не се решиле на тој чекор.

Се вчитува...