Американските борачи нема да можат да се натпреваруваат на Светското првенство во Иран што ќе се одржи овој месец, откако власта во оваа држава го примени начелото на реципроцитет и на држајваните на САД им забрани влез во Иран, информира иранската новинска агенција Тасним.
Иранскиот министер за надворешни работи, Бахрам Гасеми, потврди дека специјален одбор вчера го разгледувал случајот и одлучил дека американските борачи не смеат да се натпреваруваат на Светското првенство во Иран.
Ваквата одлука од Иран доаѓа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, им забрани влез во земјата на државјаните од седум земји со мнозинство муслиманско население, меѓу кои е и Иран. Освен тоа, Трамп воведе и нови санкции кон Иран по тестирањето на балистичките проектили минатиот викенд.
Американската боречка репрезентација досега повеќе пати настапувала на натпревари во Иран, а требаше да настапи и на Светското превенство во борење слободен стил што ќе се одржи на 16 и 17 февруари во градот Керманшах.
„Се надевавме на поинаква одлука од Министерството за надворешни работи на Иран, свесни сме за комплексната природа на ваквата одлука. Во моментов работиме на тоа да најдеме најдобро решение за ова Светско првенство, што е можно поскоро. И покрај ограничувањата за патување меѓу двете земји, охрабрува соработката и пријателството што го има меѓу иранската и американскаат боречка федерација. Борењето е спорт што ги обединува луѓето и народите. Се надеваме дека ќе го надминеме овој проблем и сигурни сме дека американските и иранските борачи повторно ќе бидат заедно на натпреварите во многу блиска иднина“ – стои во соопштението од претседателот на Американската боречка федерација, Ненад Лаловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА