Поради новонастанатите ситуации на Блискиот Исток, Иран е блиску до одлука да не учествува на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.
Еден од организаторите на Светското првенство е САД, кои го нападнаа Иран, и поради ова, фудбалската репрезентација е пред одлука да го бојкотира Светското првенство.
Самиот претседател на Фудбалската федерација на Иран изјави дека бојкотирањето на Светското првенство е сè пореална одлука.
„Со она што се случи денес и нападот од страна на Соединетите Американски Држави, тешко е да се гледа напред кон Светското првенство. Конечната одлука, сепак, мора да ја донесат највисоките спортски власти“, рече Таџ.
Доколку Иран се повлече од Светското првенство, ФИФА ќе го замени со првата репрезентација што беше изоставена од Светското првенство. Кина, пак, како азиска селекција од каде доаѓа Иран, бара и очекува таа да биде учесник на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

