Иран е главна тема во светот на фудбалот поради фактот што не сакаат да играат на Светското првенство оваа година, на кое домаќини се САД, Канада и Мексико. Но, не се првата репрезентација што се откажала од учество на Светско првенство.
Вистински скандал избувна во 1950 година на Светското првенство во Бразил. Всушност, тоа е приказна што е донекаде скриена во светот на фудбалот, и секако една од најинтересните.
Индија се квалификуваше за Светско првенство 1950, како претставник на азискиот континент, но не настапи. Причината е што ФИФА не им дозволи да играат натпревари без копачки.
Верувале или не, индиската репрезентација побарала нивните играчи да играат боса, што веднаш било одбиено од ФИФА.
Во тоа време, тоа било дел од традицијата во индискиот фудбал, но ФИФА не сакала воопшто да чуе за идејата.
На крај, во Индија, се откажале од Светското првенство без многу размислување.
Ова е единствениот пример што немаше политичка и организациска позадина за откажување.
Патем, низ историјата имало повеќе откажувања од Светските првенства, но поради политички причини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

