Иран не му прости: Најголемата ѕвезда избркана од репрезентацијата

Војната што САД и Израел ја водат против Иран влијаеше на речиси целиот Блиски Исток и целосно ја промени ситуацијата.

Вооружените конфликти се одразија и во спортскиот свет, особено во иранската репрезентација, од која беше исфрлен Сердар Азмун!

Најголемата ѕвезда што учествува на претстојното Светско првенство беше отстранета од националниот тим поради бизарна причина – „предавство“! Целата нација виде слика од Азмун како се ракува со владетелот на Обединетите Арапски Емирати – шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Со оглед на тоа што Иран и ОАЕ се во војна, јасно е зошто Азмун го доби епитетот предавник, иако „спорната“ фотографија е направена долго пред почетокот на каков било воен конфликт.

Иранците проценија дека фудбалерот на Шабаб Ал Ахли од ОАЕ не требало да направи таков „кикс“, па затоа ќе мора да ја плати сметката, со тоа што ќе биде отстранет од репрезентацијата.

Се вчитува...