Иран ја реализираше смртната казна за 19-годшишниот млад спортист уапсен на јануарските протести во оваа држава на Блискиот Исток. Според достапните информации, властите во градот Ком погубиле тројца млади мажи кои претходно беа уапсени за време на јануарските протести.
Меѓу нив и младиот репрезентативец на Иран во борење, 19-годишниот Салех Мохамади, кој се сметал за еден од најталентираните борачи на својата генерација.
Мохамади, според пресудата, бил обвинет за убиство на полицаец за време на демонстрации кое тој категорично го негираше, додека иранските власти го окарактеризирале случајот како „војна против Бога“ – обвинение кое често се користи во политички чувствителни судења. Тој бил обвинет и дека е „странски агент“.
Сепак, организациите за човекови права тврдат дека судењето не било фер. Се наведува дека признанијата биле изнудени под притисок и тортура, а обвинетите немале соодветна правна заштита.
Погубувањето предизвика силни реакции низ целиот свет. Бројни активисти и спортски организации го осудија овој чин, предупредувајќи дека станува збор за обид за заплашување на граѓаните и потиснување на протестите што го потресоа Иран во последните месеци.
Особено е вознемирувачки што станува збор за спортист кој штотуку ја започнал својата кариера.
Мохамади имаше амбиции да ја претставува својата земја на меѓународната сцена, а неговиот случај многумина го споредуваат со претходната егзекуција на борачот Навид Афкари, што дополнително ја продлабочува загриженоста за безбедноста на спортистите во Иран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

