Иран стигна до мундијалски билет, најзаслужен е асот на Интер

Иран е шестата репрезентација што обезбеди билет за СП 2026 откако оваа селекција ремизираше 2-2 против Узбекистан, бод со кој Иранците си го осигураа првото место на табелата.

Узбекистан имаше предност од два гола и беше многу блиску до сензација, но тогаш на сцена стапи Мехди Тареми, асот на Интер со два погодоци донесе огромна радост на Иранците, за толку посакуваниот пласман на претстојниот мундијал.

Пред Иран, пласман на СП 2026 обезбедија и Јапонија и Нов Зеланд, како и трите земји-домаќини, САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...