Иранскиот параолимпиец Беит Сајах остана без златен медал и светски рекорд откако предизвика скандал славејќи на политички непримерен начин.
Во категоријата Ф41 со копје, тој освои злато и го собори светскиот рекорд, но Меѓународниот параолимписки комитет (ИПК) го дисквалификува поради два контроверзни потези за време на финалето. Прво неспортски прослави пред другите натпреварувачи, а потоа развиори знаме со натпис „Ез Зехра“, посветено на Фатима, ќерката на пророкот Мухамед.
Според правилата на ИОК, истакнувањето на вакви пораки е забрането. Сајах го изрази своето разочарување, истакнувајќи дека на Параолимпијадата во Токио го носел истото знаме без санкции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА