Петте членки на женската фудбалска репрезентација на Иран ги повлекоа своите барања за азил и ја напуштија Австралија, враќајќи се во Иран.
Ова е најновиот во низата пресврти за фудбалерките кои првично побараа заштита за време на женскиот Азиски Куп.
Си-ен-ен известува дека во Австралија останале само две Иранки со хуманитарни визи, откако имиграциските власти спроведоа низа процедури. Девојките побараа претходно азил, тврдејќи дека се плашат од прогон доколку се вратат во својата татковина.
Стравот дополнително се зголеми откако одбија да ја пеат иранската национална химна за време на првиот натпревар против Јужна Кореја.
Овој потег предизвика остри реакции во Иран, вклучително и онаа на еден водител на државниот медиум кој ги нарече „воени предавници“. А предавството е казниво со смрт во Иран!
Две фудбалерки – Мона Хамуди и Захра Сарбали – како и членката на професионалниот тим Захра Мешкекар, пристигнаа во Малезија во саботата, од каде што треба да го продолжат своето патување кон Техеран, објавија иранските државни медиуми, објавувајќи нивна заедничка фотографија.
Уште една фудбалерка подоцна го повлече своето барање за азил. Иранските државни медиуми јавуваат дека станува збор за капитенката на националниот тим, Захра Ганбари.
— OvoOno (@OvoOnoX) March 16, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

