Иранскиот фудбалер Рамин Резаиан е казнет со 510 милиони риали или 11.645 евра затоа што прегрнал навивачка, која успеала да се упати до автобусот со играчите на техеранскиот клуб Естегал. Ова не е прв случај на ваква казна. Во април минатата година, голманот Хосеин Хосеини, исто така фудбалер на Естегал, беше казнет затоа што прегрна навивачка која накратко прекина лигашки натпревар откако истрча на теренот.
Иранците имаат многу строги правила кога станува збор за јавно прикажување на наклонетост. Жена и маж кои не се дел од исто семејство не смеат јавно да ја покажуваат својата наклонетост. На Иранките не им беше дозволено да одат на стадиони за да гледаат натпревари до 2019 година, кога под притисок на ФИФА, иранската влада дозволи 3.500 жени да влезат на стадионот.
Тоа беше натпревар меѓу Иран и Камбоџа. Од тој момент на секој натпревар им е дозволен влез на жените, но во ограничен број. Сè уште не смеат јавно да ги гушкаат фудбалерите, освен ако не се членови на нивното семејство. Тоа е еден од ригорозните закони пропишани од исламската држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА