Иранците шокирани пред дуелот со Велс: Уапсен истакнат фудбалер поради „пропаганда против владата“

Дополнителен шок во таборот на иранската репрезентација пред нивниот денешен дуел со Велс на Мундијалот во Катар. Уапсен е еден од најистакнатите фудбалери во шампионатот, поранешен стандарден репрезентативец, 35-годишниот Вори Гафори.

Гафори е уапсен поради наводни „навреди на националната репрезентација и пропаганда против владата на Иран“.

Гафори кој поради годините полека се повлекува од фудбалот е жесток критичар на одлуката за долгогодишна забрана за присуство на жените на фудбалски натпревари, но и на надворешната политика на Иран. Неодамна изрази и сочувство на семејството на 22-годишната девојка чија смрт, додека беше во притвор поради неправилно носење хиџаб, предизвика силни протести во земјата. Последниве денови повика на прекин на насилното гушење на протестите.

Иранските фудбалери кои се во Катар се шокирани од информацијата за апсење на Гафори. Како што е познато, иранските репрезентативци на првиот свој натпревар на Мундијалот одбија да ја пејат химната на својата земја во знак на протест поради случувањата во нивната земја, давајќи поддршка на протестантите во Иран.

Се вчитува...