Ирене Скоутен е „кралица на брзото лизгање“ на игрите во Пекинг

Холандската натпреварувачка Ирене Скоутен стигна и до вториот златен медал во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година. По титулата на трката на 3.000 метри, Холанѓанката денеска на доминантен начин славеше и на трката на 3.000 метри.

Таа до златниот медал стигна со време од 6:43.51 минути, што е нов олимписки рекорд. Сребрениот медал и припадна на Канаѓанката Исабел Вајдман која на крајот доцнеше големи 4.67 секунди зад времето на победничката. Бронзениот медал и припадна на легендарната чешка клизачка, Мартина Сабликова.

Медали беа доделени и во екипниот микс во слободно скијање. Американците стигнаа до најсјајното одличје, пред екипата на Кина и на Канада.

Се вчитува...