Ирецот Мегваер е победник на јубилениот 50. „Златен Гонг“, Јасин Лама е најдобар техничар (ФОТО)

Лук Глен Мегваер од Ирска е освојувач на јубилејниот 50. „Златен Гонг“ кој викендов се одржа во Скопје.

Македонскиот репрезентативец Јасин Лама беше прогласен за најдобар техничар, а за најборбена двојка се прогласени Ростислав Билостоцки од Украина и Башким Бојку од Косово. Пол Бенет од Англија е прогласен за најуспешен тренер.

„Ми претставува особена чест што заедно со Националната боксерска федерација, Агенција за млади и спорт имаше чест да биде организатор на оваа светска манифестација. Ова беше одлична можност за нова промоција на овој спорт. На НБФ им посакувам уште многу јубилеи, а на сите учесници им посакувам успеси и нови победи во иднина“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, по завршувањето на турнирот.

На јубилејниот Златен Гонг учествуваа повеќе од 60 боксери од 13 земји.

СИТЕ ФИНАЛНИ МЕЧЕВИ НА „ЗЛАТЕН ГОНГ 2021“
-51 кг: Шабан Димитров (Бугарија) – Џозеф Мехмуд (Англија) 0-5
-54 кг: Ростислав Билостоцки (Украина) – Башким Бајоку (Косово) 2-3
-57 кг: Џон Омеара (Англија) – Шон Пурсел (Ирска) 5-0
-60 кг: Јасин Лама (Македонија) – Јоан Филипов (Бугарија) 5-0, ТКО Р2
-63 кг: Џозеф Тајерс (Англија) – Ирска (Дин Кланси) 4-1
-67 кг: Шпетим Бајоку (Косово) – Вајн Кели (Ирска) 5-0, ТКО Р3
-71 кг: Јоан Крофт (Велс) – Даврон Бозоров (Молдавија) 5-0
-72 кг: Лук Мегваер (Ирска) – Ала Алмахмуд (Украина) 3-2
-75 кг: Игор Рогиќ (Србија) – Гаран Крофт (Велс) 3-2
-80 кг: Емир Саботиќ (Црна Гора) – Арон Боен (Англија) 0-5
-86 кг: Милорад Пуриќ (Црна Гора) – Слободан Јовановиќ (Србија) 2-3
+92 кг: Димитрије Мириќ (Црна Гора) – Картни Бенет (Англија) 3-2

Се вчитува...