Работнички продолжува со екипирањето за новата сезона во која дел од тимот ќе биде и интернационалецот од Босна и Херцеговина, Ирман Полутак кој потпиша едногодишна соработка со најтрофејниот македонски прволигаш.
Станува збор за 28-годишен центар висок 209 сантиметри кој зад своето име има и АБА лигашко искуство настапувајќи за Крка на почетокот на кариерата, како и во АБА2 лигата за сараевски Спарс.
Во „црвено-белите“ редови доаѓа од унгарското првенство каде минатата сезона ги бранеше боите на Осе забележувајќи просек од 12.3 поени и 5.7 скокови на 35 одиграни натпревари. Претходно настапувал и за хрватските Забок, Горица и Алкар и словенечкиот Златорог.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА