Иронијата на моќните клубови – Бараат Суперлига за да се задржи квалитетот, а во последните седум дена „малите“ и тоа како добро поминаа (ФОТО)

Најмоќните клубови во Европа велеа дека со формирањето на Суперлигата ќе се крене квалитетот и ќе се спаси фудбалот, а еден од главните протагонисти претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез велеше дека младите не ги следат неатрактивните натпревари.

Сепак, реалноста е многу поразлична од теоријата. Откако беше објавено дека ќе се формира новото натпреварување членките на Суперлигата и тоа како не поминаа најдобро во домашните шампионати. Јувентус загуби од Аталанта, Ливерпул не победи против Њукалс и Лидс, Арсенал загуби од Евертон, пораз доживеа и Милан, а ремизираа и Интер и Челси… Реалноста е дека фудбалот не е приватна сопственост на моќните и им припаѓа на сите луѓе на светов.

 

Се вчитува...