Македонскиот фудбалски првак Шкендија на денешната ждрепка на УЕФА ги дозна можните противници во третото квалификациско коло за Лигата на Шампионите.
Тоа се ирскиот Шелбурн и азербејџанскиот Карабах кои ќе одигаат меѓусебен двомеч за пласман во следната фаза.
Овие натпревари се предвидени да бидат одиграни на 5/6 и 12. август, но за да дојдат до нив тетовчани прво мораат да ја поминат пречката во второто коло. Тоа е романската ФЦСБ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

