Ирска подобра во меѓусебните пресметки: Незаборавниот гол на Христов за победа во Скопје, Тричковски пред 15 години стрелаше на „Авива“ (ВИДЕО)

Македонија против Ирска досега има шест одиграни натпревари во својата фудбалска историја. И сите шест низ квалификациски циклуси, но единствено до 2011 година.

Погледнувајќи ја статитистиката, традицијата е на страната на Ирците кои имаат четири победи, еден натпревар заврши без победник, а еден со триумф на Македонија, со вкупна гол разлика од 5-11.

И, едноставно не може да се заборави прекрасната победа во квалификациите за СП 1998 на Градскиот стадион во Скопје кога славевме со 3-2, со двата погодоци на Митко Стојковски, и оној незаборавен, еден од најубавите во нашата репрезентативна историја на Ѓорѓи Христов.

На последниот натпревар, пак, во Даблин, на 26 март 2011 година, исто така на „Авива стадионот“, Македонија, под водство на Мирсад Јонуз, загуби со 2-1 а стрелец на единствениот гол за нашиот национален тим беше Иван Тричковски.

Се вчитува...