Ирвинг даде 21 поен за една четвртина, но и тоа не беше доволно

Феникс славеше над Бруклин со 117-112, меч на кој на двата тима им недостигаа главните играчите (Пол и Букер кај домаќините, Кевин Дурент кај гостите). Во една таква ситуација, „сонцата“ подобро се снајдоа, целосно доминирајќи во првите три четвртини, трасирајќи си го патот кон победата. Задоцнет беше блесокот во последните 12 минути на Кајри Ирвинг, асот на Бруклин даде 21 поен само во четвртата четвртина, неговиот тим од дваесет се приближи на само три поени негатива, но немаше сили за целосен камбек .

За Феникс ова бепе прекинување на новата серија порзи без Букер и Пол, додека синоќешниот пораз беше четврти во низа за составот на Бруклин нетс. Бриџис со 28 поени и девет скокови беше најдобар поединец во победничкиот тим, додека Ирвинг го заврши овој меч со 30 поени, седум скокови и седм асистенции во таборот на Бруклин.

Џоел Ембид беше во главна улога на гостувањето на Филаделфија против Портланд од 95-105. Одличниот центар го заврши мечот со 32 поени, девет скокови и две асистенции, а Харден оствари нов трипл-дабл за Филаделфија, со 16 поени, 10 скокови и 14 асистенции.

Најдраматично беше во Бостон, каде домашниот тим по продолжение од пет минути го совлада шампионот Голден Стејт со 121-118. Тејтум беше херојот на Бсотон со импресивен дабл-дабл од 34 поени и 19 скокови, додека на Голден Стејт не му помогна ниту изданието на Стеф Кари, кој го заврши мечот со 29 поени.

Се вчитува...