Ирвинг надвор од терените најмалку седум дена

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг ќе паузира минимум седум дена откако доживеа повреда на лигаментите на десното колено. Ирвинг се повреди во текот на последната четвртина на натпреварот против Вашингтон Визардс, меч на кој неговиот тим беше поразен со 113-107.

По магнетната резонанца востановено е дека дошло до повреда на лигаментите. Како што е соопштено, Ирвинг ќе мора на контрола за седум дена, а до тогаш ќе мора да паузира, за да не се влоши ситуацијата. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти натпреварите против Феникс, Голден Стејт и Торонто.

Ирвинг веќе пропушти 28 натпревари сезонава, што е рекорд во неговата кариера. 26 од тие беа поради повреда на десното рамо, една поради проблеми со задна ложа и една поради смртта на Коби Брајант.

Се вчитува...