Кајри Ирвинг оваа година не доби покана да се приклучи на американскиот тим за Олимпијадата во Париз, што изненади многу фанови.
Селекторот Стив Кер реши да не го користи Ирвинг, што доведе до шпекулации дека кошаркарот роден во Мелбурн би можел да го носи дресот на австралиската репрезентација.
Оваа вест привлече дополнително внимание бидејќи Ирвинг веќе беше дел од репрезентацијата на САД, со која го освои златниот медал на СП 2014 во Шпанија, каде што беше прогласен и за најкорисен играч на турнирот. Две години подоцна, тој беше дел од тимот на САД кој го освои златото на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, победувајќи ја Србија во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА