Ирвинг сепак останува во Бруклин Нетс

Американскиот кошаркар Кајри Ирвинг одлучи да остане во Бруклин Нетс. Иако се шпекулираше дека постои можност Ирвинг да го напушти Бруклин и евентуално да премине во Лос Анџелес Лејкерс, сепак тој одлучи да остане во Нетс.

Ирвинг во својот договор има опција сам да одлучи дали ќе биде дел од Бруклин уште една сезона во која ќе заработи 36 милиони долари. Тој одлучи да ја искористи оваа опција и следната сезона ќе остане во тимот од Њујорк.

 

Се вчитува...