Ирвинг со рекорд на дебито, но Бруклин загуби од Минесота

Кајри Ирвинг оствари фантастичен рекорд на дуелот Бруклин – Минесота, како прв играч што успеал да стигне до 50 постигнати поени во првиот натпревар за новиот клуб. Одличниот бек одигра феноменално во дресот на „мрежичките“, но неговите 50 поени сепак беа недоволни за да се стигне до позитивен резултат. Победникот беше решен дури по дополнителните пет минути, но на крајот се радуваат гостите од Минесота триумфирајќи со минимални 126-127.

Денвер како гостин славеше над Портланд со 100-108, во пресметката на големите ривали од Западната конференција. Јокиќ стигна до дабл-дабл од 20 поени и 12 скокови, додека кај Портланд најефикасен беше Лилард, реализирајќи 32 поени надополнети со осум асистенции.

Филаделфија лесно славеше на мечот со Бостон (107-93), на кој во главна улога беше Бен Симонс со 24 поени, осум скокови и девет асистенции.

Резултати НБА:

Шарлот – Чикаго 126-125, Индијана – Детроит 110-119, Орландо – Кливленд 94-85, Бруклин – Минесота 126-127 (по прод.), Мајами – Мемфис 120-101, Филаделфија – Бостон 107-93, Далас – Вашингтон 108-100, Сан Антонио – Њујорк 120-111, Јута – Оклахома 100-95, Феникс – Сакраменто 124-95, Портланд – Денвер 100-108.

Се вчитува...