Исак Бонга е во завршни преговори кои треба да резултираат со двегодишен договор со Партизан, што значи дека српскиот клуб во своите редови би го имал освојувачот на титулата светски првак од последниот Мундобаскет, во кој Германија беше во финалето подобра од Србија.
Бонга би дошол од Баерн, каде ги покрива позициите три и четири, каде минатата сезона имаше просечен учинок од 5,8 поени, 4,2 скока и 1,2 асистенции по натпревар од елитното натпреварување.
Поранешниот НБА играч во текот на кариерата во САД настапуваше за Торонто Репторс, Вашингтон Визардс и Лос Анџелес Лејкерс. Засега нема потврда за трансферот ниту од Партизан и самиот играч, ниту од Баерн, но се очекува во следните денови договорот да биде официјализиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА