Александар Исак скапо го плати водечкиот гол со кој ја најави победата на Ливерпул на гостувањето против Тотенхем, ако се земе во предвид сериозната повреда што тој ја заработи по стартот на Ван де Вен при самиот погодок.
Веднаш беше јасно дека проблемот не е наивен, Исак експресно беше заменет, а во Ливерпул стравуваа дека станува збор за кинење на лигаментите во коленото.
„Црвените“ се уште не се огласуваат, но првичните информации говорат дека проблемот не е во коленото, туку во силно изместување на лигаментите во скочниот зглоб што настрадал при стартот на Ван дер Вен. Ова практично значи дека Исак ќе може да игра повторно фудбал сезонава, но предвидената пауза е околу три месеци, што би значело дека Слот ќе може да смета на неговите услуги дури по репрезентативната пауза на крајот на март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

