Исчезнат е Марадона: Првенството во Мексико почнува, Аргентинецот го нема!

Иако новата сезона во Втората лига на Мексико стартува овој викенд, тимот на Дорадос де Синалоа моментално е без тренер. Легендарниот Диего Армандо Марадона кој од клупата го води овој клуб, и се уште е актуелен тренер, мистериозно исчезнал и не се појавува во клубот.

Дел од мексиканските медиуми истакнуваат дека Марадона останал малку подолго за божиќните празници во Аргентина. Од клубот истакнуваат дека тој е нивниот актуелен тренер и воопшто немаат разговарано за прекин на соработката, но и за нив е недостапен и не знаат каде е.

На првиот меч од новата сезона принудно ќе мора да го замени Хозе Марија Мартинез, исто така Аргентинец. Дали Марадона ќе се појави на самиот ден на натпреварот во клубот останува да се види. Кога е тој во прашање никогаш ништо не се знае!

 

 

Се вчитува...