Исени го мина првото коло, Рустемоски поразен на ЕП

Во Белград почна Европското првенство во бокс каде настап имаа тројца македонски боксери. Еден од нашите главни адути, Ален Рустемовски беше поразен уште во првиот меч во категоријата до 57 килограми. Рустемовски за противник го имаше големиот фаворит, Турчинот Мехметан кој славеше со 5-0.

Одличен почеток имаше Арјан Исени, кој во категоријата до 80 килограми во воведната борба го победи Гркот Цамалидис со 3-2. Во второто коло, Исени утре ќе има борба против Ерменецот Ховхансијан.

Иако беше планиран настап и на Дион Лена, тој не се појави во рингот на мечот со Литванецот Лаверновас, кој без борба обезбеди пласман во следното коло во категоријата до 63,5 килограми.

Се вчитува...