Струга Трим и Лум има активен резултат по првиот меч против летонската Лиепаја, откако одигра нерешено 1-1 во првото коло од новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Херојот на стружани, Бесир Исени кој го постигна голот за реми во 93. минута вели дека е среќен што тимот има активен резултат пред реваншот.
„Среќен сум за голот, а уште повеќе што имаме еден активен резултат. Верувам дека во Скопје ќе бидеме уште подобри и дека ќе се пласираме за следната рунда“, изјави Исени по мечот.
Реванш натпреварот меѓу Струга ТЛ и Лиепаја ќе се одигра за седум дена во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА