Исинбаева: Внимавајте на здравјето и не кревајте паника

По одлуката за одложување на Летните олимписки игри на сите спортисти порака им испрати легендарната атлетичарка и светска рекордерка во скок со стап, Русинката, Јелена Исинбаева.

„Почитувани спортисти. Знам како се чувствувате. Цела година ќе чекаме додека повторно не зборуваме на тема Олимписки игри. Но, мораме и во ова да најдеме позитивна страна. Вие и вашите тренери ќе имате време за подготовки. Тоа што е исто така важно, игрите не се откажани. Одлуката околу одложувањето е донесена пред се поради здравјето на спортистите. Затоа мораме да бидеме трпеливи. Внимавајте на здравјето и немојте да паничите“, напиша Исинбаева. 

Таа во моментов е член на Меѓународниот олимписки комитет.

Се вчитува...